Викенд импровизации

Мораше да биде такво заради здравствени проблеми на еден член од нашата фамилија.

Затоа ручекот беше ориз со морков на пареа, а потоа измешан со малку путер,к на прав и сол.
Денес дечките сакаа пица. Додека сетасуваше тестото за пица, пробавме една интересна салата. Гледајки 24Kitchen ја видов Јоли, спремаше салата со спанаќ и се потсетив на нашата пријателка – Сунчица, која наскоро ми сподели дека железото и е ниско. Затоа една убава салата за нејзе виртуелно, а се надевам наскоро и во живо.
Еве што користев во мојата верзија на салатава:

  • 1 глава цвекло исецкано на 1/2 см дебели парчиња
  • 1/2 глава трупка исецкана на ист начин
  • 1 тенок морков
  • листа од млад спанаќ
  • 1 млад кромид
  • сирење (което требаше да биде овчо и биено)
  • ореви ( пола и повеќе изедов пред да ставам во салатата)
  • прелив од 1/2 лажиче сенф, 1/2 лажиче мед, 1 лажица балсамико, 1 лажица зејтин

Цвеклото, трупката и морковот ги сварив на пареа и ги направив на мали парчиња. За дечките- на ѕвездички. Спанаќот измиен и искинат на помали парчиња го ставив во танирот, зелечукот,оревите и сирењето одозгора и преливот за финиш. Испадна една многу вкусна салата, но пред додека да ги видам сликите, салатата заврши. Изгледа некој вреден фотограф дома е фаќал обејективот со прсти  и сликата е заматена. Во наредна прилика тоа ќе се смени.
За тие кои ќе се одлучат да ја пробат салатава, bon appétit 🙂