Две супи од тиквици

Кога некој ќе чуе „просо“, првата асоциација е „ааа, тоа што го јадат пилињата?“.
Да, точно тоа. Просото не е доволно застапено во нашата исхрана и тоа треба да се промени.
Таа супа секогаш ме асоциира на сончево пролетно време. Дали е од комбинацијата тиквици-копар не знам. Нема некои посебни намирници, убаво е тиквиците да се во сезона и да се евтини, но да не се стари и со големи семки 🙂

  • 1 средна тиквица
  • 1 среден морков
  • глава стар кромид 
  • 1 ч.ч. ориз или просо
  • копар, магданоз или други зелени зачини по желба
  • 2 с.л. зејтин при крај на варење

Зеленчуците, исецкани на коцки, се ставаат да се динстат неколку минути со малку вода додека омекнат. Потоа се додава оризот или просото и доволно вода. Супата се вари додека се свари оризот, односно просото.
На левата слика супата е со ориз и не е пасирана, на десната – со просо и пасирана.
Без глутен, посно, лесно се припрема и во двете варијанти- многу вкусно.
Може да се сервира и со препечени коцки леб – уживанција за децата.

Вкупно за цело тенџере – околу 60 денари.

Во некој од наредните денови ќе покажам неколку рецепти за просо со зеленчуци. А до тогаш, пробајте ги овие две супи 🙂