Домашни бургери

Пред некој ден разговаравме за сендвичи и кој какви сака. Затоа одлучивме да направиме домашни сендвичи.

Еве ја и нашата верзија.

Продуктите се по желба.
Стандардниот состав е:

  • свинска кртина, печена на скара и исецкана на тенки ленти
  • кисели краставички – 4, исецкани на тенки ленти
  • домашен тартар сос
  • црвена пиперка – неколку тенки кругови
  • кромид – 1/2 глава, исецкана на тенки кругови
  • домат – по еден круг за секој сендвич
  • марула – по еден лист за секој сендвич
  • кашкавал – исецкан на тънко

За помалите деца направивме со месо, краставица и кашкавал. Опцијата со ќофте не е меѓу омилените заради квалитетот на меленото месо, но ако сами си го приготвите меленото месо и смесата за плескавици, тогаш квалитетот зависи од вас.

Еве го и работниот процес – препечени половинки лепче и се останато редиме како ни се свиѓа. 🙂

Пријатен апетит!