Кинеска зелка со авокадо и пилешко месо

Тоа е тоа – мора да се изеде целата кинеска зелка 🙂


Кинеска зелка со авокадо и пилешко месо

Испаднаа 3 средни порции од:
малку повеќе од пола кинеска зелка
2 ротквици
1/2 исчистено авокадо
малку пилешки стек или остатоци од печено пиле
Зелката се сецка на парчиња, ротквиците и авокадото – на средни парчиња. Пилешкото се кине на ситно. Се` се промешува убаво и се зачинува со дресинг од лимонов сок или оцет, зејтин и сол.
Брзо, едноставно…може за ручек, може за вечера.