Кифлички
Не знам за вас, но кога имаме домашни кифлички, тие не се задржуват многу. Како да нема друго што да се јаде и сечиј памет е во кујната, кај кифлите.
Морам да признам дека другарка ми Кате е мајстор за се месено, сукано, тегнато. Но овие кифлички се нешто во кое сите деца ( и не само они) уживаат.
Рецептот
2кг бело брашно
2 коцки квасец
24 лажици зејтин
3 јајца
1 шоља млако млеко
300мл кисела вода на собна температура
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
1 пакување путер
2 жолчки, размешани со малку зејтин
сусам, семки за нарасување
Квасецот се раствара во млако млеко. Се става малку брашно за да нарасне квасецот.
Брашното се става во длабока вангла, се додава нараснатиот квасец, сол и шеќер, јајцата, зејтинот, киселата вода и се замесва меко тесто. Се остава да отстои 20-30 минути. Тестото се дели на топчиња, од кои се расукува круг со дебелина околу половина сантиметар. Со нож се сечат триаголници, за да се добијат класични кифлички или се прават топчиња наполнети со сирење, кашкавал, шунка. Ако ви скисне, може и еден ролат да се направи. 🙂
Ние правевме завиткани кифлички. Кога ќе се расука кората, се премачкува со путер, се додава филот и се замоткува. Кифличките се редат во тава, обложена со хартија за печење.
Се премачкуваат со жолчка, се нарасуваат со сусам, ким, кимион, ленено семе.
Се печат во претходно загрејана рерна на 220 степени околу 20 минути. Излегуват три-четири тави кифли. Може и повеќе. Колку ќе останат накрај зависи колку добро ќе ги пазите. 🙂
Е, сега креативниот хаос е страшна работа. Некој треба да расчисти потоа 🙂 Обично помалите стават се што сме користили во машината за садови одкако ќе ги упоменам неколку пати. Верувам дека е истата ситуација секаде. Битно е човек да не се потресува многу. 🙂
Вкупно: околу 300 денари