Крап со бело вино и зеленчук

Сликата од овој рецепт одлучив да ја ставам од времето на спремање на јадењето,бидејки така поубаво се гледа како е спремено а останува само да се испече. Повторно во знакот на посните јадења,но јас го правам редовно и кога не се пости.

Потребни состојки:

  • 1 крап (околу 2,5 кг. )
  • 2 моркова 
  • 2 компира
  • 1 целер
  • 1 пашканат
  • 1 главица кромид
  • 2 лимони
  • магдонос
  • 1/2 литар бело вино

Крапот исчистен убаво се мие, се посолува и внатре и надвор и се прават засеци. Жо засеците кои се прават одозгора се ставаат парчиња лимон, а исто и во внатрешноста се стават неколку кругчиња лимон. Зеленчукот се сецка и се меша се заедно. Се полни внатрешноста на рибата, а остатокот се додава во тавата. Масло не се става. Се налева виното и се пече најпрво 1 час покриен со фолија, а потоа уште 1/2 час – 40 минути без фолија на 200 степени.
Пријатен апетит !

Вкупно: околу 500 денари