Мафини од палента
Децата ми побараа палента за вечера. Јас за да не биде секогаш иста класична варена палента, решив да пробам наместо проја мафини да направам палента мафини. Многу брзо ги подготвив и не згрешив. Сите се изедоа, и малку ни беа еден калап со 12 мафини. Јас ги направив вака:
Состојки:
• 3 јајца
• 350 мл. јогурт
• 120 мл. масло
• 250 гр. палента
• 150 гр. бело брашно
• 1 прашак за пециво
• сол
• 150 гр. козјо сирење
• сусам
• ленено семе
• 350 мл. јогурт
• 120 мл. масло
• 250 гр. палента
• 150 гр. бело брашно
• 1 прашак за пециво
• сол
• 150 гр. козјо сирење
• сусам
• ленено семе
Јајцата се матат малку со метална жица (не со миксер). Се додава маслото, јогуртот, брашното, палентата, пецивото и се посолува. Се убаво се соединува. Калапот се премачкува со путер и се полни најпрво до половина. Потоа во секој дел ставаме по едно парче козјо сирење (тука може да се стави кашкавал, некој вид зеленчук – домат, брокула, варен морков, печурки..) и потоа се покрива со останатата смеса, за да се дополнат калапите. Одозгора се нарасува сусам и ленено семе (може и мелен лук, морска сол, ким, оригано…). Се печат во загреана рерна на 220°С 20 минути.
Многу се вкусни и здрави. Од состојките имав се дома. Само погледнав дали имам јогурт во фрижидер. Имав, за среќа и така убаво се нагостивме. Само следниот пат треба во поголем калап да правам:)
Исто е убаво што може и во овој рецепт да се ставаат состојки по вкус и може да се направат најразлични комбинации.
Пријатен апетит !
Исто е убаво што може и во овој рецепт да се ставаат состојки по вкус и може да се направат најразлични комбинации.
Пријатен апетит !
Вкупно: околу 100 денари