Овчарска манџа или добродошли назад
Некои од нас уште одмарат, некои веќе се вратени во рутината. Факт е дека кога е топло, малку не фаќа мрза за готвење, за чистење и за многу други работи 🙂
Спомените се уште тазе и морам да споделам некои од нив пред рецептот.
Местото каде главно ни поминуваше претпладнето беше бар “Централ“ во Асеновград, Бугарија. Веќе повеќе од 10 години служат највкусната риба,слична на гирици, измеѓу еден куп салати, скара и предјадења, а од пред некое време нудат прекрасни десерти, смуди и други вкусни работи. Во средина на сликата е Семифредо-мек чоколаден мус со сурови ф`стаци и суво грозје, а се сервира со кокосов сладолед.

И така, вратени во скопската реалност мораме да се вратиме и кон кујнските обврски.
Еве една сосема обична манџа, која пред доста години за прв пат ја направи дечкото на мојата цимерка од студентскиот дом.
Овчарска манџа
1-2 глави кромид
2-3 моркови
зелена пиперка, црвена пиперка
1-2 домати
мало парче корен од целер
малку свеж магдоноз
хималајска сол на вкус, може и сосема малку бибер
ориз
Се` е на око, продуктите се сецкат на ситни парчиња, доматите на покрупни.Убаво е оризот да се измие и се` оди во тава со доволно вода. Се пече на средна температура, додека оризот омекне и ја упие целата вода. Тоа е тоа. Добар апетит!
Полесно од тоа нема на каде.
Вкупно за една голема тава (6-8 порции) – околу 100 денари.
Полесно од тоа нема на каде.
Вкупно за една голема тава (6-8 порции) – околу 100 денари.
Следниот пат ќе ви раскажам за еден многу интересен семинар кој успеав да посетам додека бевме во Бугарија. 😉