Организација на менито

Идејата ми со тој блог е да направам експеримент – колку кошта исхраната на фамилија од петорица и миленик во Скопје. 

За да смени човек начин на исхрана и начин на живот треба да се судри, и то да се судри лошо, со некој проблем. За мене таа промена дојде со една слика на мојата фамилија на која јас бев дупла од сите нив. Тогаш побарав помош от нутриционист Тања Турунџиева, започнав да читам и да се интересирам.

 Додека бевме тројца, беше лесно. Кога станавме петорица дефинитивно ми требаше подобра организација. 

Сега во кујна имаме закачени календар со полиња за запишување,листа за пазарење и неделно мени со молив. Тоа не е ништо комплицирано – една табела. Работата е да се има воља за да се планира менито за целата недела. На тој начин се намалува и стресот околу омиленото прашање:  „Што ќе јадеме денес, мамо?“. Треба да се имаат во предвид и некои непланирани барања 🙂 Имаме и папка со рецепти кои сме пробали и ни се допаднали.
Менито го правиме со децата во сабота за да можеме да испазариме. Делот со пазарењето не е од најзабавните, но не може без тоа. Секоја фамилија има различни потреби и различно време кога се собира. Кога се планира менито треба да се има во предвид и тоа дали некој од родителите носи храна на работа, дали децата престојуват во градинка или во дневен престој, дали носат ужина од дома. 

За нашата фамилија тоа значи:

храна за на работа

ужина за во школо

вечера за сите

јадење за децата пред спиење

Како изгледа нашето мени?

Таква работна верзија правиме со децата. Во текот на неделата нешто се менува, нешто се додава. Обавезно морам да пробам и некој нов рецепт.

Во работната верзија скоро нема спомнато овошје- тоа е така зашто од утро до пред ручек сите ,без средниот син, јадеме овошје какво има. Круши, јаболки, грозје, мушмули. Сосема ми е јасно дека сите деца се различни. Средниот син јадеше многу овошје како бебе.Од кога започна со градинка не сака под никакви услови да јаде овошје, но пие цеден сок и тоа ми е доволно. Доста намаливме и пиењето на млеко затоа што испадна дека најголемиот ми син прави многу шлајм кога пие млеко. Нормално, јогурт и кисело млеко останаа.