Пилешка каварма

Долго време заборавам да ви го претставам овој рецепт. Количината е за два пати јадење, што е добро барем дома, зошто во текот на работната недела нема многу време за готвење. Да, чудесно е секој ден да имаме нешто различно, но тоа не е секогаш можно. Овој рецепт е од лесните, кои се припремаат брзо и испаѓаат голема количина

Не најдов соодветен назив на македонски на овој рецепт и затоа го оставив со оригиналниот назив.

2 глави кромид

500гр пилешко чисто месо

3-4 моркови

3-4 кисели краставички

300гр печурки

1 пиперка

1 с.л. ситно исецкан корен целер

2 чешниња лук

 2 с.л. доматно пире

1 ч.л. шеќер

1 ловров лист

1 винена чаша црвено вино (околу 60мл)

штипка црн бибер 

2 с.л. нишесте (густин)

чубрица, хималајска сол

Кромидот се сецка на тенки полукругови, морковите и краставичките-на кругчиња, печурките на покрупни парчиња, пилето – на мали парчиња, пиперката – на  ленти, а лукот- на ситно. Се до ловровиот лист се става во длабоко тенџере и се залева со вода колку да покрие. Откако ќе зоврие, јадењето се остава да врие на тивко под капак околу 40 минути. Потоа се ставаат ловровиот лист, виното и се остава уште 10-ина минути под капак. Во меѓувреме густинот се мати убаво со ладна вода и со непрекинато мешање се додава во тенџерето. Јадењето се згуснува многу брзо и ако е потребно се додава уште вода. Се стават зачините, се поклопува и се остава на исклучена рингла уште некое време.

Се сервира со компири, пире, ориз или пилаф. Или со топол леб 🙂 Дома се бара да има повеќе сос за мацкање и обично ставам повеќе вода.

Се надевам дека идејата ви се допаѓа за неделен ручек.

Вкупно: околу 450 денари.