Пилешко во сос со брокула и ориз
Ова пилешко одговара многу со печен компир со презла и секогаш го правев на овој начин но овојпат имаше желба за варен ориз па излезе ова супер јадење. Сите работи се прават посебно а се сервираатт и јадат во едно.
Потребни состојки:
- 400 гр. пилешки стек
- 2 чаши ориз
- 250 гр. брокула
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 с.л. сенф
- 2 с.л. пченкарно брашно
- 1 лимон
- мешан зачин
- сол
- 300 мл. вода
- 2 с.л. маслиново масло
Стекот се сече на долги тенки ленти,кои се посолуваат и се валкаат во пченкарно брашно. Потоа се пржат во маслиново масло. Кога ке заруменат од двете страни во тавата се додава 2 с.л. сенф и 1 с.л. брашно. Се промешува и се налева водата. Така се остава 15 мин. да издинста и да се згусне сосот. Оризот се мие и се става во поголемо количество вода во која се става главицата кромид ситно исечкана и 1 чешне лук,се посолува и откако ке се свари се процедува водата и во оризот се додава 1 с.л. маслиново масло. А брокулата се сечка на цветови и се става во тенџере со зовриена и посолена вода само 1 минута. Се вади брокулата и се зачинува со маслиново масло и исцеден лимон, како салата. Сето заедно се сервира.Можеби звучи комплицирано но сите работи можат во исто време да се направат така што најмногу 1 час време е потребно.
Пријатен апетит !
Вкупно: околу 200 денари