Пилешко по грчки
Овој рецепт го памтам приготвен од стрина ми. Во годините пред кризата ставаа топено сирење, кое потоа беше заменето од кравјо безсолно сирење и припремано за специјални пригоди.
Рецептот е многу лесен, но многу вкусен. Останува место и за импровизации.
Потредни состојки
- Пилешки батаци, цело пиле или пилешки стекови
- Путер -1/4 до 1/2 пакување
- Кисело млеко – 1 канче,може и 2
- Топено сирење (околу 200 гр.) или меко кравјо сирење (300-400гр.)
- Чубрица
- Сол, црн бибер
Пилешкото се реди во стаклена јена тава, се стават киселото млеко, сирење, зачини, одозгора путер и се пече во затворена тава на 200 степени час – час и половина, додека добие убава потпечена кора.
Ништо комплицирано!
Јас не сум баш по батаците и затоа ставам стек кој е посув и бара повеќе путер.
Иде со зелена салата, Мимоза, салата од свеж спанаќ, Ризлинг и печени јаболки со мед и суво овошје за десерт. 🙂
Вкупно: 300-450 денари