Плескавички од тиквици

Овие плескавички се идеална замена за обичните плескавици од месо. Многу брзо и лесно се прават,и многу се меки, се топат во уста.

Потребни состојки:

•1 тиквица

•2 јајца
•2 лажици пченкарно брашно
•1 чешне лук
• магдонос
• мешан зачин или сол
• маслиново масло
Тиквицата убаво се мие, се суши и се ренда целата со лушпа, на крупната страна на рендето. Се цеди од водата и потоа се става во длабок сад. Во неа се додаваат јајцата, брашното, лукчето, магдоносот и зачинот. Се се меша, со лажица се зема од смесата и се става во загреана тава со маслиново масло.
Кратко се пржат од двете страни и се вадат на салфета или кујнска хартија да се исцедат. Можат да се наредат врз пекарска хартија, да се нарасат со малку маслиново масло и да се испечат во рерна.
Најубави се топли и можат да се јадат буквално со се.
Пријатен апетит !

Вкупно: околу 60 денари