Понеделник / 18 ноември – палента и манџа боранија

Денес планот беше еден, но испадна друго. Наместо грашок – боранија.

Обично викендот е период кога се претерува со храна (ако гостуваме на свекрвата тогаш работата излегува от контрола) затоа во понеделник малку полесна храна. 
     Припремата за школо беше круша и бадеми. За на работа -4 јаболки / 20 денари 
Ученикот оди во дневен, а малите доручкуват во градинка.
    Палента за 4 порции – 125гр – 10 денари, со сол,  мало лажиче путер и водата би дошло околу 20 денари.
    Салата правена дома – 30 денари за двајца.
     Вечера: секоја жена мислам дека ќе се согласи со мене – губење на време, нерви и непотребен трошок е готвењето секој ден. Затоа припремата е за денес и утре.
    Боранија ~100 денари за 2 пати јадење

  • 1 пакување жолта боранија 450гр – 60 денари
  • 1 пиперка зелена -4 денари
  • морков -1000гр – 3 денари
  • домат, кромид,пашканат, зелени зачини по желба, 2 чешниња лук, маслинов зејтин – 30 денари

  Се сецкам како ќе му дојде според моментално расположение, ставам да се вари. При крај додавам зејтин, домат, зачините и лук. И толку.
Некои (како мајка ми) се навикнати да стават и компир внатре.
За диеталците една финта – доколку сте навикнати на малку покашести манџи, не бистра чорба, наместо да користите брашно за згустнување, пасирајте за 2-3 секунди  манџата во тенџерето и еве – малку погуста консистенција.
Ако дома имате мажи како моите кои не сакат да јадат исто нешто за ручек и за вечера, тогаш за два ручека или за две вечери и таман количината. А доколку со време ви е текнало да си ставите зеленчук во замрзнувач, боранијата би коштала дупло помалку.

Вкупно ~200 денари со дополнително пола леб и за бебето уште овошје.
Морам да спомнам дека со планирање и место каде да се чуват намирниците може да се помине и поевтино.