Посен десерт со тиква
Пред доста време споделив рецепт за нешто благо кое може да се касне како ужина , например во училиште.
Наскоро видов една поздрава варијанта од нутриционистот Надја Петрова. Нејзината страна Nature Insider е полна со чудесни рецепти и совети.
Пошто се е прашање на вкус, еве ги и состојките на око:
- околу 1кг тиква
- 2 с.л. кокосово масло или друго ладно пресовано масло, а може и путер
- 4-5 с.л. мед или друг природен засладувач (например стевија, но тука не знам точна количина)
- штипка хималајска сол
- 1/2 ч.ч. ореви
Тиквата се вари и се остава да се излади 15 минути. Потоа се пасира на фин крем со маслото, засладувачот и сол. Во чаша или друг сад за послужување се става до пола, се редат оревите и се става уште крем. Се чува во фрижидер.
Тиквата, како и морковите, е богата на бета каротен, но за да го претвори во витамин А, нашето тело има потреба од масти.
Затоа оваа варијанта е подобра од претходната со бисквити.Исто може да се стави суво овошје или зачини по желба.