По нарачка – супа од печурки
Нарачката беше од најголемиот ми син. Вкусна, лесна и многу брза супа.
Рецептот ми е од еден бугарски форум за мајки. Оригиналниот рецепт е со животинска неутрална павлака за готвење.
750 гр свежи шампињони
500 мл. павлака за готвење
1коцка за супа ( или 1 ситно рендан морков)
вода
сол
за крутони:
неколку тенко исечени парчиња интегрален леб, зачини по желба
Пешурките се измиваат и се сецкаат на многу ситно. Се динстаат за кратко со малку вода и сол, се додава коцката за супа и околу 1л вода. Малку пред да зоврие се додава павлаката. Се остава да вие 5-10минути. Потоа се пасира до крем-супа. По потреба се додава уште вода. Со растителна павлака не ми испадна убаво зашто павлаката се двоеше над супата и не се згусна како со животинска павлака.
Крутоните се припремаат од исечениот на мали коцки леб, измешан со зачини по желба и потпечени на суво тавче.
Ако се измеша лебот со малку доматно пире изматено со вода и зејтин, се додадат босилок и оригано, и се потпечат во рерна коцките, ќе добиете доста голема количина алтернативни кубети за околу 15 денари.
Цена : 250 денари