Просо со зеленчук

Доручек за сите според планот.

Ручек – просо со зеленчук. Тоа е лесен за приготвување рецепт, кој се припрема на пониска температура.
  • 1 мала глава кромид
  • 2 моркови (~150гр)
  • 1 мала тиквица
  • 100гр пченка
  • 150 гр просо

Зеленчукот се ренда на едро, се става да се динста со малку маслинов зејтин и вода. Потоа се додава просото, вода 1:4 и се вари под капак на тивко. Се промешува од време на време за да не загори на дното. Зачините се копар и сол.

Вкупно околу 50 денари за 4 големи порции.
Вкусни се и комбинациите со морков и зелка, со карфиол и морков, црвена пиперка…
Салата- марула со ротквици, краставица и маслинки -20 денари за двајца.
Вечерата е од вчера- боранија со салата домати и краставици-40 денари за сите.
Тука морам да признам дека сопругот земал колачиња со чоколадо за десерт. Сите поминавме по неколку пати и кутијата заврши за нема и половина час 🙂
Без да го ставам трошокот за боранијата – 150 денари за денот.