Рецептите на Ангелина
Ангелина е Ангелина Илиева Трпкова, не се знаеме лично, се надевам некогаш да се видиме 🙂 Во групата За подобри услови во градинките понуди неколку лесни и здрави рецепти за децата во градинка.
- 1,5кг банани или јаболки, 1 ќеса овесни снегулки, 100-150гр мед, 100гр 4 семиња од Виталиа (б.а.- неколку пати сум имала лошо искуство со тие готови смеси, затоа подобро е да се сомелат рамни количини тиквено и сончогледово семе, интегрален сусам и ленено семе пред да се припреми ужинката). Доколку се прави со банани истите се пасираат, а јаболките се рендаат. Овошјето се меша со снегулките, медот и семињата. Со лажица се прават форми и потоа се печат на 200*С околу 20 минути. По груба пресметка ова би чинело 150-200 денари за 20 деца, одприлика по 10 денари од дете, колку чини една тортица.
- Стабилизирани пченични никулци 200гр. чинат 25 денари кои во комбинација со чоколадо во прав или какао ,можат да заменат Чоколино. Со 200гр сигурно можат да се најадат 5-6 дечиња и вклучувајќи и 20тина денари за какао или чоколадо доаѓаме до сума од 45-50 денари која споредена со чоколино кое чини веројатно повеќе од 80 денари,заштедуваме 30-35 денари (за сува маса, без млеко).
- За крај една торта: 500гр.пченица (сварена и сомелена), 200гр бисквити, 100-150гр. мед, 200гр смеса од семиња. Се се меша и бидејки смесата е повлажна би требало да се јаде со лажица. Мислам дека и оваа доза е доволна за 20 деца, а повторно чини 150-170 денари, со малопродажни цени. Вака излегува по 50гр на дете, но доколку се дуплира дозата би задоволила хранливи вредности за појадок. Како ужинка би чинечп 8 денари, а како појадок – 16 денари.
Наскоро и слики…