Ситници за уживање во петок попладне
Денес е петок. Барем во Бугарија петок попладне е времето да се напиеш пивце со друштво или со колеги и тоа е денот на мајсторот. Тоа значи дека никој не работи. Еве еден скромен предлог за нешто како ордевер кој оди како со пиво, така и со изладено бело вино, но и со добра компанија.
Имаме огромни количини тиквици и домати кои морат да се искористат.
Потребни се:
- тиквици -4-5 парчиња
- 2-3 пилешки стека исецкани на тенки правоаголни парчиња ( моите беа околу 800гр.)
- 1 лажиче сенф
- 2-3 мали доматчиња и 1-2 големи узрејани домати
- 1 француско лепче или две домашни лепчиња со таква големина
- мешавина од медитерански зачини, малку бибер, може малку зејтин и 1 чешне лук или сув лук
Тиквиците се сечат на долги тенки ленти и се печат на суво тавче од двете страни. Таа процедура ми е најдосадна, ама нема како. Исецкатите на ленти од 1см пилешки стекови се измешуват добро со сенфот и може малку зејтин и се печат исто на суво тавче. Накрај се потпекуваат и малите доматчиња исечени на кругчиња.
Во меѓувреме во рерна се потпечуват кругчињата од леб од двете страни. Се сецкат двата крупни домати на ситно и се мешат со медитеранските зачини и малку лук. По една мала лажичка се става врз секое препечено лепче и се редат во послужавник или танири. Тоа е некој вид на брускети кои претставуват мали лепчиња со некој гарнир врз потпеченото лепче. Јас сакам една варианта со песто, тиквици и Грана Падано, но тоа ми беше побрзо.
Секое готово парче месо се завиткува со една лента тиквица, а потпечените домати се стават на парчиња леб.
Тоа е тоа.
Околу 320-350 денари за 5 луѓе.
Убаво е да се има под рака уште леб, домати и зачини, зашто многу брзо ги снемува тие брускети.