Творилница
Крајот на школската 2020/2021 година беше обележан со интересен проект на Академија за иновативно образование „Здравеј“, Скопје, а имено проектот „Творилница“
Во него се вклучија наставници од основното и средното образование од цела Македонија, над 100 ученици от различни училишта, професори, актери, музичари и сликари.
Креативноста е клучна вештина во науката, математиката и социјалната и емоционалната интелигенција. Креативните луѓе се пофлексибилни и подобри во решавањето на проблемите, што ги прави поприлагодливи на технолошките иновации и промени, како и искористување на новите можности.
Проектот на „Здравеј“е инспириран од бројните примери на млади таленти од Бугарија и Северна Македонија и нивните достигнувања во странство. Богатата културна разновидност и традиции во Македонија даваат прекрасна можност за примена на најдобрите европски практики во развојот на креативните и музичките способности на децата.
„Творилница“ е место каде нашите деца можат да научат за некои уникатни уметности, но и да научат побрзо да читаат, подобро да се изразуваат, да откриваат нови таленти во себе и да склопуваат многу нови пријателства.
На почеток на јуни сите клубови во склоп на проектот „Творилница“ имаа заеднички настан на терасата на ГТЦ Скопје.
Веселата атмосфера и творбите на децата забавуваа родители, ментори и гости на настанот.
Збирката со творештвото на учесниците можете да ја разгледате на линкот подолу.
Фотографиите, збирката и пропратните текстови се мои. Беше исклучително задоволство да се учествува во овој проект. Учениците беа неверојатни и за мене беше привилегија да присуствувам на работилниците на клубовите. Професорите, наставниците и менторите несебично споделуваа знаење, животно искуство и вештини со децата, а соработката меѓу сите нив беше на високо ниво. Пречките на кои најдувавме заради пандемијата само дополнително ги мотивираа да наоѓат креативни решенија и начини како да го надградуват знаењето на децата.