Тиква со кашкавал и жалфија

До неодамна време не јадев блага тиква освен на тиквеник. Знаеме дека никој не прави тиквеник како баба 🙂 Но, и покрај прекрасните вкусни благи рецепти, не јадев блага тиква. Ситуацијата се промени кога започнав да варам на пареа за децата за оваа школка ужина. Случајно го пронајдов овој солен рецепт во една книга.
И така:
  • сварени на пареа кругови тиква
  • неколку листа жалфија
  • хималајска сол, бибер
  • кашкавал или моцарела
Врз тенко намазнета тава (или врз хартија за печење) се ставаат зачинетите со сол и бибер од двете страни кругови тиква. Одозгора се става по едно ливче жалфија и парче кашкавал или моцарела. Се пече во рерна додека се запече кашкавалот.
Со моцарела би испаднало повкусно, зошто таа се потпекува по различен начин.

Вкупно – околу 15 денари на порција

Претпоставувам тиквата може да се испече директно со зачините и кашкавалот  без да е сварена претходно на пареа.