Годишно илјадници девојки и жени се малтретирани од нивните партнери, фамилии, па дури и деца кои го следат примерот на постарите, на содржините кои се прикажуваат по медиумите.
Во текот на оваа 2021 година во Бугарија по информации на БТА околу 20 жени се убиени од нивните интимни партнери. Официјално таква статистика нема. Ниту во Бугарија, ниту во Македонија.
ЖРТВА
Од секогаш не ми се допаѓал овој збор.
Некоја немоќност, како да висиш во ништото, заглавена. Сожалувана. Избегавана.
Затоа што е срамно да зборуваш. Зошто те осудуваат дека си таква и онаква – секој според сопствените дупли стандарди.
„Не, на мене тоа не може да ми се случи.“
„Некој да ѝ го направи тоа на керка ми, ќе го заколам.“
Да, ама ќерка ти молчи. Сестра ти молчи. Мајка ти молчи.
Затоа што е срамно. Што ќе кажат комшиите. Тие кои гледаат во туѓиот двор и се ситат, оговараат.
„ Ѝ фали нешто… Таа го предизвикала… Види ја каква е. Какво фино девојче беше, ја знам од толкацка…Ќотекот е излезен од Рајот…. Си го заслужила… Се облекла, се нашминкала, излегла, кој ја знае каде оди… Среќа, моите деца не се такви.“
НЕ! Ништо не ѝ фали!
Таа е жена, девојка, сестра, мајка, работник, професионалец.
Таа не те засакала затоа што треба да ја „поправиш“, да ја поучиш, да ја тренираш како куче, да ја пратиш за да не ти бега.
Исто како кога ја освојуваше -Таа и тогаш имаше ставови, мислења, идеи, стил. Таква ти се допадна.
А потоа таа веќе не вредеше? Требаше да седи дома и да нема мислење, да нема другари, да нема интереси, да не сака да се развива. Да биде невидлива. Во твојата сенка, за да бидеш среќен.
Не срамно да не трпиш да те газат. Не е срамно да побараш помош.
Не срамно да споделиш со другари, со родители.
Не е срамно да оставиш тој што те повредува и омаловажува и да продолжиш.
Срамот е за насилникот.
Насилство не е САМО шамар, туркање, удар, модрица, пукната коска. Еве што е насилство:
(а) „насилство врз жените“ се подразбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација на жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство кои водат или веројатно ќе доведат до физичко, сексуално, психолошко или економско оштетување или страдање за жените вклучително и закани за такви дела, принуда или произволно лишување од слобода, без разлика дали во јавниот или приватниот живот;
(б) „семејно насилство“ значи сите акти на физичко, сексуално, психичко или економско насилство што се случуваат во семејството или во домаќинството, или помеѓу поранешните или сегашните сопружници или партнери, без разлика дали сторителот живее или живеел со жртвата;
Кампањата ќе продолжи и после настаните на плоштадите во Скопје, Охрид, Кочани, Штип, Кавадарци, Дојран, Виница, Крива Паланка, Тетово.
Сите нови информации можете да ги пратите на ѕидот на групата во Фејсбук.
Фејсбук група СТОП на домашното насилство.Биди храбра!
Бенефициенти на средства за поддршка на организации за заштита на жените и децата, жртви на домашно насилство се ОЖС – Организација на жени на град Скопје, Кризен Центар „Надеж“ , One Can! Една може!
Организатор и лице на кампањата: Билјана Ангелова – поддржник на безброј хуманитарни каузи во Република Македонија, посветена мајка и сопруга на Амбасадорот на Република Бугарија во Македонија
Шминка: KOVSKI, исклучително талентиран сликар, бодиарт мајстор, уникален талент и прекрасен човек. Неговата работа можете да ја разгледате на вебстраната KOVSKI.ART .
Фотографии: Маријана Таневска ( јас 🙂 )
Прочитајте ја и Конвенција 210 на Советот на Европа.