Бомбици од пченица

Бомбиците се слатки кои можат да се прават од најголем број варијанти на состојки. Многупати сум правела од тоа што имам моментално дома и секогаш биле успешни и вкусни. Овојпат ги направив од варена пченица, варев онака, зошто ми се пријаде пченица, и излегоа превкусни бомбици на кои и децата им се израдуваа.

Потребни состојки:

• 200 гр. пченица
• 2-3 с.л мед
• 150 гр. ореви
• малку кокос

Пченицата се вари (околу два саати) Потоа откако ке се олади се меле,јас само малку ја истолчив. Се додава медот и мелените или сецкани ореви. Убаво се соединува цела смеса и се прават бомбиците. Се валкаат во кокос и ореви. Исто така комбинацијата на состојките може да се менува (бадеми, лешници…..) Може да се стави и малку цимет.
Превкусни се, единствено варењето на пченицата трае малку подолго, инаку се прават многу брзо. И излегуваат околу 30 бомбици, зависи од големината.
Пријатен апетит !

Вкупно: 100 денари