Печено ќофте

Сигурно е мал бројот на луѓе што пробале печено ќофте. Еднакво е вкусно,можеби повкусно,а секако е поздраво. Едноставен оброк на кој му треба само убава салата по желба, како прилог и некое тазе испечено лепче.

Потребни состојки:
•300 гр.мелено месо(мешано)
•150 гр.ориз
•1 јајце
•1 мала главица кромид
•1/4 парче праз
•магдонос
•2 лажици лебни трошки
•1 лажица сенф
•1 лажица мешан зачин или сол
•црн пипер
•пармезан
Оризот претходно се вари и се цеди од водата. Во длабок сад го ставаме меленото месо (јас користам месо во однос 80% телешко и 20% свинско).  Го додаваме изладениот ориз, сецканиот кромид и праз, ги додаваме магдоносот, мешаниот зачин, биберот, лебните трошки, сенфот и се убаво соединуваме. Смесата ја месиме со раце и обликуваме кофтиња, малку поголеми од обично (колку полна дланка). Кофтињата ги редиме во тава подмачкана со маслиново масло а и по неколку капки ставаме и одозгора врз нив. Се печат на 200 °С околу 35 минути. Кога се готови се наросува по малку пармезан или рендан кашкавал (по желба може во средина да се стави кајмак, така се со посебен вкус).
Излегуваат од 10 до 12 големи кофтиња, доволно за 4 лица.
Многу едноставно, брзо и вкусно, нешто поинакво на вашата трпеза.
Пријатен апетит !
Вкупно: 150-170 денари