Зелена супа

Оваа супа, jа правам долги години,и на децата секогаш им е интересна.
Боjата е привлечна за секое дете, па и за оние кои не jадат спанаќ.

Потребни состојки:
•200 гр. спанаќ
•1 морков
•1 главица кромид
•1/2 парче праз
•1 компир
•мешан зачин или сол
•црн бибер

Кромидот,морковот,празот и компирот ги сецкаме на покрупни парчиња и ги ставаме во тенџере во вода, кратко да се сварат. Откако ќе омекне зеленчукот, ги додаваме листовите измиен спанаќ.Посолуваме,зачинуваме и веднаш го пасираме зеленчукот со пасатор директно во тенџерето. Може да се стави неколку капки маслиново масло. Откако ќе се испасира се поклопува тенџерето и се остава да отстои на исклучена плоча. Важно е спанаќот да не се готви повеќе од 3-5 минути, вака се задржуваат витамините. Одличната комбинација меѓу празот кој има витамин Ц и спанаќот кој има железо, постигнува максимален ефект и на тој начин се врзуваат во организмот.
По желба се става павлака, јогурт, кисело млеко или лимон.


Пријатен апетит !

Вкупно: околу 50 денари

Во спанаќот се содржи оксална киселина во мали количини и таа е корисна за организмот кога спанаќот се конзумира свеж.Таа се содржи во стеблата и „ребрата“ на спанаќот и затоа треба или да одбирате млад спанаќ, или да ги чистите убаво листата. Количината на оксална киселина и нитрати е помала, кога спанаќот е растен на сонце, во лето и есен. При термична обработка оксалната киселина става неорганска и врзувајки се со калциумот од храната, води до камења во бубреците. Затоа се ставаат квалитетни јогурт или кисело млеко.