Запеканка или солен кејк со урда и грис

Овој рецепт го открив случајно пред две години и долго време седеше во тефтерот.Му дојде времето додека барав предјадења за роденденот на мојот среден син. Од тогаш таа запеканка е меѓу нашите омилени јадења.Уште повеќе состојките се минимални,а испаѓа лесен солен кејк кој може да се јаде на доручек, за ужина, како ордевер или за јадење на голем одмор или во канцелација.
Продуктите:

  • 700 гр. урда
  • 150 гр. кисело млеко
  • 1/2 ч.ч. грис
  • 3 јајца (јас ставам големи)
  • 1 ч.л. сода бикарбона

Со вилушка се намачкува добро урдата. Посебно се матат јајцата, а содата се става во киселото млеко и се промешува. Кон урдата се додаваат киселото млеко,јајцата и грисот,се промешува добро.Се истура со округла тава  28см или голема правоаголна тава со хартија за печење. Може и само во намаслена тава, но мене ми доаѓапе мрсно и тој момент го попуштам. Се пече додека е готово на 180 степени. Тоа „готово“ зависи од рерната, кај мене е околу 20 минути.



Вкупно околу 100-120 денари.
Убаво да се остави да се излади добро пред да се извади хартијата, а и за да се сече полесно.
Зборот не знам од каде потекнува, но не успеав да најдам аналогичен збор на македонски. Ако на некој му текнува посоодветен збор, слободно да напише во коментар.