Интегрални лепиња со кромид и кашкавал
Рецептот е од тука-блогот Мед и млеко. Го имам од многу време и до сега ги правев со бело брашно.
Пробата со интегрално и некои измени испадна многу добро.
2 и 3/4 ч.ч. интегрално брашно (може и 3 чаши да дојдат)
1 с.л. кафен шеќер
2 ч.л. прашок за печиво
2 с.л. ситно исецкан стар кромид
1ч.ч. рендан кашкавал(околу 100г)
3/4 ч.ч. млеко (или малку повеќе)
1 с.л. зејтин или растопен путер
1 јајце
2 ч.л. сенф
1/2 ч.л. чубрица
сусам за нарасување + уште 1 јајце или нерастопен путер
Рерната се пушта на 220 степени да загрева. Се припрема тава обложена со пекарска хартија.
Во длабок сад се стават брашното, прашокот за печиво, шеќерот и чубрицата. Се додава и кромидот и кашкавалот и се промешува. Јајцето се мати со зејтинот, млекото и сенфот.
Се соединуват течните со сувите состојки, се мешат додека се добие меко тесто, кое се става врз набрашнета површина. Со набрашнети раце се оформуват лепиња (12-16 парчиња).
Опција 1: се мати едно јајце, лепињата се премачкуваат со него и се нарасуваат со сусам;
Опција 2: во средина на секое лепче се прави дупче со прст во кое се става сосема малку путер.
Лепињата се печат околу 20 минути или готовност. Се сервират топли.
Не знам защо на моите обично им требат 30 минути за печење и 10 за да бидат изедени. Втората слика е тазе-тазе, дури жежки. Со бело брашно, свеж кромид, премазани со јајце и нарасени со интегрален сусам и ленено семе.
Вкупно – околу 60 денари