Домашно мусли според желбите
База-околу 130 денари.
– 1 пакување корнфлејкс без шеќер (300гр)
– 1 пакување мешавина снегулки од 4 житарици (300гр)
– 1 пакување мешавина експандирани 4 житарици (100гр)
До тука количината е огромна и се собира во кутија 25*25*15см и е доволна за 10-14 порции. За една голема порција се потребни 50-80 гр.
– Јогурт, кисело млеко, свежо цеден сок или вода
Додатоци:
– Сушено овошје – брусница, ситно исецкани кајсии, сливи, ананас – една полна супена лажица е доволна како количина за една порција, средна количина 20гр- цена 10 денари
– Свежо овошје – јаболка, свежи кајсии, праски, јагоди според сезонот- 5 денари.
– Интегрален сусам и ленено семе -тазе мелени, тиквени семки
– Чиа – тоа е малку скапа намирница, препорачаната количина според етикетата е 35гр (2 ч.л.) и тоа се околу 45 денари. И пак јас би ставила една лажичка.
– Јатки – ореви, бадеми, лешници – сурови – 5 денари.
И така: математиката за 1 голема порција домашно мусли со сушена брусница, една јаболка, ленено семе и сусам мелени, лажица чиа и мелени јатки, со јогурт: околу 50 денари. Тоа е најскапата опција која спремивме, најголемиот син проба и одобри и е повеќе од доволно за возрасен кој не е на диета.
Во пати подобар појадок од четвртина бурек.