Импровизација на салата со урда и дајкон
Многу е чудно како луѓето отвараат фрижидер и констатираат дека нема ништо за јадење. А во суштина има доста намирници од кои може да се припреми нешто вкусно.
Во еден таков ден отворив фрижидер, дремав едно пет минути пред вратата и не знаев што да јадам. Затворив, но по некое време аха, се јави стомакот. Е, тогаш погледнав поразлично на полиците. Имаше урда, јајца, кисело млеко, џем (кој никако не ми се уклопуваше во идејата за ручек 🙂 ), беше полно со зеленчук.
Салата од урда со дајкон и ротквици
- 200гр.урда
- парче дајкон околу 5см
- 1-2 ротквици
- 1-2 с.л. кисело млеко (мене ми е убаво со овчо) или јогурт за да биде покашеста смесата
Дајконот излупен се сецка на ситни парчиња, потоа се меша со урдата и млекото, за декорација – исецканите на полукругови ротквици. За боја ставив малку копар.
За една порција доаѓа околу 40 денари, а времето за подготвување е околу 5 минути.
Обично дајконот го јадеме рендан на салата со моркови, трупка и цвекло. Тој корисен зеленчук треба да биде поприсутен на нашите трпези и ако морам да признам дека е тешко да се натера мало дете да го проба. Не вади и не акумулира тешки метали Содржи големи количини ензим,наречен диастаза, кој помага на варењето, посебно на скробна храна; го забрзува метаболизмот; се препорачува при срцеви заболувања, анемија, слаб имунитет и др.
Барајки рецепти најдов дека од дајкон се приготвуваат многу готвени јадења. Тоа што може би ќе помине кај мали деца се запржени во сусамово масло кругчиња дајкон.