Брза салата со кинеска зелка
Досега сум ја гледала кинеската зелка во продавница и на пазар ама некако немав храброст да земам и да пробам.
Салата со кинеска зелка и ореви
Вкупно: околу 40 денари
Исклучително ниска калорина вредност, голема содржина на антиоксиданси, фибри, фолна киселина. Богат извор на витамини и минерали како калциум, калиум, манган, железо, магнезиум т.н. Го прочистува организмот при висока температура, воспаленија, инфекции, болки во грлото. Го улеснува варењето и уринирањето, ја активира мозочната активност и подобрува бубречната активност. Помага при кашлица, очни инфекции, чиреви и слично. Редовното консумирање на кинеска зелка го намалува ризикот од рак. Исклучително корисна е при кардиоваскуларни заболувања.
НО: Кинеската зелка содржи субстанци познати како „гоитрогени“. При поголемата консумација на таа субстанца се потиснува функцијата на тироидната жлезда при што може да се предизвика отекување на тироидната жлезда – состојба позната како гушавост. Затоа е препорачлива во некои случаи на дисфункција на тироидната жлезда. Сепак, кинеската зелка може да се користи во умерени количини кај здрави лица. Морам да напоменам дека лекувањето се храна мора да се одвива под надзор на нутриционист и не треба да се превземат активности на своја рака.