Вкусна бела супа со снег

Пак отварам фрижидер да видам што ќе правам денес за групата. Гледам умно минута- две, отварам, затварам фиоки. Да, има зеленчук за супа. Добро тоа ќе биде.

  • пола пакување зелечук за супа
  • 1 голема глава кромид
  • 1 чаша ориз
  • 1 јајце на собна температура
  • 200гр кисело млеко исто на собна температура

Зеленчукот се става со малку вода и сол, од кога ќе зоврие се додава и оризот и се дотура околу 2л врела вода.Кога оризот е сварен, треба да се додаде уште вода. Количината е околу 4л. вкупно. Кога ќе се свари убаво оризот манџата се трга на страна да се излади малку. Во тоа време се мати јајцето со киселото млеко. Потоа се меша со мали количини од супата за да се загрее и се истура на тенка струја во супата. Се додават зелените зачини од пакувањето за супа и 2 с.л. зејтин. За сервирање може да се нараси со намачкано сирење. Тоа му били снегулки на едниот син 🙂

Вкупно околу 50 денари
Испаѓа многу пријатна лесна супа без особени претенции, а количината е за 10-12 порции за возрасни. Моите мали мажи многу ја бендисаа со и без сирење.