Топла супа за душата
Ја сакам оваа зимска супа. Ја најдов минатата зима кога најмалото дете требаше да почне да јаде и друга храна освен мајчиното млеко. Безглутенска супа, погодна за првите месеци на воведување храна.
Во вчерашната варијанта состојките беа тие (околу 12-14 порции):
- 1 глава кромид
- парче тиква – 6см дебел круг
- мало парче целер, корен
- мало парче пашканат
- 3 средни моркови
- 1 средно голем компир
- околу 150гр просо
- малку зејтин
- неколку листови целер,малку магдонос,сол
- вода
Прво се ставаат зеленчуците да се варат со вода колку да ги покрие и сол. Кога ќе почнат да омекнуват компирите, се додава просото и се вари на тивок огин со доволно вода да се покриени зеченчуците. Треба да се промешува често за да не загори. Кога и просото е сварено, крем-супата се пасира и се додаваат зејтин, вода и ситно исецканите зелени зачини.
Изладената супа се згуснува доста и може да се додава уште вода. Хранлива вкусна супа за ненајавени гости и другари на децата 🙂
Вкупно: околу 60 денари