Дојде време и за споро готвење :)
Одамна мислам дали slow cooker ќе ми врши работа. Идејата вечерата сама да се спрема многу ми се допаѓа во последно време. Читав во форумите и во блогот на Пеп-чо, кој пратам со години и многу ми се свиѓа.
Работата е што некои од уредите кои сум сакала да си купам, потоа се покажали како непотребни и имало со што помало, пообично и поевтино да ги заменам. Други, како уредот за варење на пареа, машината за кафе Vivax со термо чаша (мачката е стандарден додаток на се во кујна) 😂и блендерот со шише ги користам стално. Каде ќе го чувам, колку место ќе зафаќа, дали нема да е поредната непотребна ствар во кујна?
Во периодот на првите карантини минатата година многу луѓе експериментираа со леб, кифли, паста и слично. Да не се лажеме – аромата на топол леб е неодолива!
Со претходните карантини го прескокнав масовното печење лебови зошто веќе го бев поминала пред неколку години. Затоа направив импровизиран домашен офис со дел за чај, во повторен неуспешен обид да го оставам кафето. 😀
Треба да кажам дека кој не работел од дома со три деца и домашен миленик, нема видено ништо. Целата ситуација е уште попредизвикувачка од кога ќе се вклучат камери и цело одделение ти е практично во соба, а работата ти е на телефон и на мејл, наставата е на смени онлјан и мачката бара маж. 😵
И така, со повторното зголемување на бројките на позитивни Covid-19 тестови, повторно треба да дремеме дома ( разбирај, да се пазиме и да внимаваме во убаво сончево време, кога децата, а и возрасните треба да бидат надвор заради многу други здравствени придобивки) .
Затоа по многу размислување дали ми треба или не такво чудо како slow cooker, решив дека идам и го купувам.
Сега или никогаш!
Вчера, нарамила торба за пазарење САМО за едно пакување пилешки стек и кило кромид(😁аха, друг пат ) со мојата пријателка Кате тргнавме во дождот ( кога инаку ) до продавница. Натоваривме се прилично добро и на каса го купив уредот во прашање – Adler . Одиме си ние со кутијата, довдот си врне ама не кој му е гајле! Важното е дека од денес јадењето ќе се готви само. 😎😂
Распакувањето не помина без набљудувач.
Самиот уред е тежок заради керамичкиот сад. Собира 6,5 литри. Сеуште немам осет колку е тоа во споредба со нормалните тенџериња во кои готвам и тоа се одрази на количината на сол која ставив.
Рецептот, кој го избрав за тест е овој:
Пилешки парчиња со печурки во сос од кромидод блогот на Пеп-чо ( во варијанта за slow cooker)
1кг кромид, исецкан на полумесеци
350гр печурки
1 кг пилешки стек исечен на 2см дебели ленти
100мл вода ( требаше да биде да е 70мл пиво со 30мл вода)
мајчина душица, хималајска сол, бибер
Наредив се во керамичкиот сад во редот кромид – печурки – месо – зачини, го наместив тајмерот, подесив времето за готвење на 5 часа со идејата да биде готово наредното утро в 7.30, за да не се занимавам цел ден со тоа во недела.
Тајмер е многу практична работа. Подесуваш се од вечерта и наутро се е спремно. Но изумив за аромите. 😁 Си го отвараш прозорот и те мава една магична арома на запржен кромид… рано по сабајлечки…Неделна идила!
Долго се борив со мирисот на кромид, но не издржав и станав во 7 во недела, отворив пошироко прозорот и се зафатив со доспремање на ручекот. Месото беше сварено одлично, сосот беше токму колку треба. Убавина! Претпоставувам дека може и со батаци, но не ми се допаѓа пилешката кожа и жилите од пилето во манџата. Готовото јадење може да се запече дополнително во рерна во истиот керамички сад.
*Белешки – кромидот треба да е многу тенко исецкан и зачините треба да бидат повеќе. Керамичкиот сад беше на пола полн. Претпоставувам дека една лажица сол ќе беше перфектно.
Едниот гарнир е домашно пире од компири, другиот – тазе испечен леб со квасец за мацкање во сосот. Сигурно може да се измисли и нешто покреативно, но кога човек е поспан, не му иде креативата. 😊
Вкупно намирници: околу 500 денари
Време: околу 30 минути за припрема, 4 часа за готвење во slow cooker
Со лебот и пирето ручекот испаѓа околу 600 денари, 6-8 порции.