Кокосови бонбони со чоколадо

Како што започна целата работа со вируси и карантин, то беше готвење, спремање, печење, сликање – храна од сите страни. Со враќањето на работа се намалија и слики,видеа, а и желбата за спремање. Главно зошто треба време за да готвиш дома. 
Но има и еден друг момент. Се враќаме кон секојдневното „не знам што да јадам на работа“. Факт е дека поголемиот дел од денот сме во канцелација или со работни обврски, а не планираме што ќе јадеме, и тоа одзема многу од нашето  внимание и ефикасност.

 Уште полоша е желбата за кафе и нешто благичко околу 2 попладне. 

Во една од утринските емисии видов еден рецепт кој многу ми се допадна Поминаа скоро два месеци пред да го пробам.

200гр кокосово брашно
200гр изладени урми
1ч.л. цимет
100гр црно чоколадо 85%
3 с.л. кокосово масло

Бидејки помина доста време, не ми текнуваше кое како се меша и накрај испадна импровизација.

Урмите, кокосовото брашно и маслото пуштив во сецко. Полесно е во кујнски робот заради количините, но кој што има, се снаоѓа.
Најстариот син нареди хартиени корпи во формата за кафини и потоа со лажица и сила ја стави смесата во корпите на висина околу 1см, пола сантиметар под работ на корпата, за да има место за чоколадото. Ставивме формите да се изладат во фрижидер за еден час, а потоа дополнивме со растопено на пареа чоколадо и повторно во фрижидер на ладење
Изгледаа некако празни и ставивме сушени брусници и гоџи бери.

Дефинитивно после неколку дена се посочни и повкусни.
Вториот обид беше со повеќе путер. Направив топчиња с големина на орев и ги овалав во какао.

Испадна прекрасна ужина со попладневно кафе и навистина вкусен десерт, кој може да се припреми во најразлични комбинации.

Има неколку моменти на кои треба да се пази. По можност да не брза и да чита точно инструкциите ( за разлика од мене) 
На почеток – проверете дали урмите се исчистени од семките пред да ги ставите во сецкото, а не потоа 🙂 Урмите треба да бидат и оладени, не сушени.
Црното чоколадо треба да е со колку може поголема содржина на какао и е повкусно од млечното.
Повеќе путер е подобро..
Испаѓаат 16 форми за мъфини, а топчиња – околу 40 со големина на орев.
Вкупно околу 300 денари.