Здраво!

Јас сум Маријана и овој блог го започнав пред осум години, кога ми дојде преку глава да ми објаснуват колку е тешко фамилија со деца да се храни здраво и дека тоа е скапо. Подобро да купувам тоа што го има во продавница – таму подобро знаат што треба да јадат децата. А и полесно е.

Да, но не сакам да ми кажуват што да правам и кое е подобро за мене и за моите деца.

Што треба и не треба да правам на мои години.

Затоа започнав да ги запишувам и да ги сликам рецептите кои ги спремав дома, како и пресметка колку пари сум потрошила за нив.

Во Скопје многу фамилии живејат во мали станови, се снаоѓаат како што знаат и умејат. Буџетот е ограничен. Колку повеќе растат децата, толку повеќе трошоците се зголемуваат. А на нас жените во главно се наметнуваат пазарење, готвење и секакви други обврски иако работиме понекогаш повеќе од мажите. Посебно во приватниот сектор жените треба да се вложуваат и докажуваат повеќе, да превземаат дополнителни задачи и сеуште за нивната работа, карактер и избори се наметнуваат двојни стандарди. Затоа е многу важно да бидеме организирани и да имаме повеќе време за себе, за луѓето и тоа што не` полни со енергија.

Често слушам: „Како успеваш со три деца и сите обврски?“ Верувам дека секоја жена знае како.

За мене одговорот е едноставен: се справувааш каде со план,каде со импровизации и поделени обврски за секој член од фамилијата. (Со исклучок на мачката😃 )

Овде ќе најдете практични идеи и испробани рецепти, мои размислувања на теми кои ме интересираат и проекти во кои се вклучувам. Ова и е моето место за работи кои ме заинтригирали, изнервирали, провоцирали.

Во Скопје сум скоро 20 години. Правам компјутери и носам графички картици😀 Тоа кажувам кога ме прашуват децата.

Имам огромната среќа и задоволство да ми бидат достапни најновите технологии и модели на хардвер, како и еден куп гаџети.

Дигитален маркетер, помошник во уредувањето на страната и социјалните медиуми на Бугарското неделно училиште „Здравеј“ во Скопје.

Возењето точак, од скоро и електричен тротинет, трчањето и пешачењето ми помагат да пронаоѓам заборавени места, да одморам и да „наполнам батерии“. Ми фали вежбањето јога и дружењето со Сурија, засега вежбам дома.

Блогот е моето место да споделам искуства, мисли и се друго што ме интересира.

Организација и олеснување во домаќинството и работата,мајински предизвици, DIY, фотографија, моите тех-играчки, книги, цвекиња, интересни места, каузи и милион други нешта.