смути
Сокови, смути од овошја, зеленчуци, млеко и јатки
-
Цеден сок?! Дај не ме замарај сеа со тоа!
„Абе ајде цеден сок, не се фолирај со тие здрави храни! Па што му е на тој купениот од продавнцица? Да не му фали нешто? Сите го пијат.“ Колку од нас го имат правено тој муабет? Дали со познати, дали со роднини кои одбиваат да разберат дека не се` што седи на полица во продавница е стварно добро. Нема поубав доручек од свежо исцеден сок – вкусен, заситува, витамини, минерали…